
Информативни курсеви по прва помош за учениците од средните училишта
Во рамките на II-та фаза од имлементација на Кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Црвен крст на Република Македонија-Општинската организација Карпош, на 3, 11 и 17 декември 2019 година спроведе по две информативни курсеви по прва помош наменети за учениците во Гимназиите Орце Николов, Георѓи Димитров и Никола Карев.
Курсевите во времетраење од еден школски час беа спроведени од страна на едуциран предавач-лекар и демонстратор и истите ги проследија вкупно 158 ученици од II-ра година, кои низ визуелни презентации и практично демонстрирање на укажување прва помош имаа можност да се запознаат со основните знаења за брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет