
септември 16, 2019
IN MEMORIAM
Замина уште еден голем активист и подржувач на Црвениот крст. По кратко боледување на ден 13.09.2019 почина Митко Вељковиќ, долгогодишен волонтер на Црвениот крст Карпош, голем лидер на младите по осамостојувањето и Претседател на младите на Црвениот крст на Република Македонија во периодот 1996-2000 година.
Вечно ќе бидеш запаметен со својата енергичност и хуман дух. Почивај во мир!