
Хуманитарна помош по повод Верскиот празник Курбан Бајрам
По повод престојниот верски празник Курбан Бајрам, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 3 и 4 Август 2019 година реализираше акција за доделување на хуманитарна помош за децата од руралните средини во Општина Сарај.
Во акцијата беа вклучени 18 лица од кои 10 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош и 8 волонтери од основната организација на Црвен крст од село Глумово кои организирани во 4 групи посетија вклупно 80 семејства и доделија хуманитарна помош – облека за 165 деца од 1 до 14 годишна возраст. Облеката беше донација од Агенција за управување со одземен имот.
Со акцијата беа опфатени деца од семејства од 19 наслените места-селата: Раовиќ, Буковиќ, Чајлане, Семениште, Крушопек, Лока, Грчец, Сарај, Љубин, Кондово, Свиларе, Рашче, Радуша , Бојане, Копаница, Шишево, Глумово, Матка и Ласкарци.