
август 25, 2026
Хуманитарна акција за училишен прибор!
Во рамки на Летната програма со активности на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во периодот од 17 до 30 август 2026 година, Клубот спроведува отворена хуманитарна акција за собирање на училишен прибор.
Секој граѓанин, по своја желба и можност може да донира различен училишен прибор (моливи, пенкала, гуми, острилки, линијари, дрвени боички, фломастери, четки за боење, темперни бои, тетратки за пишување, нотни тетратки, несесери за прибор, училишни ранци). Приборот може да се донира во објектот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош секој работен ден.




































