октомври 29, 2026

Хуманитарна акција со НЛБ Тутунска банка!

Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против гладта, на 16.10.2026г., вработените во експозитурите на НЛБ Тутунска банката ширум државата успешно реализираа локални хуманитарни акции за донација на прехранбени производи наменети за семејствата и лицата на кои им е најпотребна нашата поддршка.

Благодарност до НЛБ Тутунска банка и нивниот тим за соработка и отвореното срце. Посебна благодарност до локалните експозитури на територија на ЦКРСМ – ОО Карпош:

  • Експозитура Ѓорче Петров
  • Експозитура Карпош 3 (Лептокарија)
  • Експозитура Тафталиџе
< врати се назад