
април 8, 2025
Хортикултурна акција со деца и млади
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 05 април 2025 година беше реализирана тричасовна активност – Хортикултурна акција за уредување на дворот на Црвен крст Карпош наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
За време на активноста, учесниците имаа можност да се запознаат со деловите на растенијата, условите за живот и процесот на засадување. Секој присутен учесник имаше можност да засади цвеќе.
На активноста присутни беа 29 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.

