март 26, 2026

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров ги додели благодарниците по повод 17 март за најуспешните во крводарителството

Традиционално и оваа година по повод одбележување на 17 март – Ден на крводарителството во РСМ, на 26 март 2026 година, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош и општина Ѓорче Петров на заеднички настан ги доделија признанијата и благодарниците за најуспешните крводарители и истакнати мотиватори и организатори во крводарителството за 2025 година.

На свечениот чин, Градоначачникот д-р Александар Стојкоски во својот кабинет ги додели благодарниците и признанијата на своите сограѓани од општинтата Ѓорче Петров на:

  • За 50 крводарувања на г-дин Владимир Блажевски вработен во ИТМ-Скопје;
  • За 25 крводарувања на г-ѓа Валентина Сачмаровска вработена во Министерство за одбрана, г-дин Горан Јанев вработен во Македонски шуми и г-ѓа Анита Велкова вработена во  Спец.болница за геријатриска и палијативна нега „13 Ноември“
  • За 10 крводарувања на младите крводарители Стефан Ѓорѓиевски и Марко Дабески студенти,
  • За мотиватор во крводарителството на г-ѓа Моника Палоска професор во СУГС „Кочо Рацин“.

Благодарници за посебниот придонес во поддршката за унапредување на крводарителството во општина  Ѓорче Петров беше доделено и на Драган Трпески – вработен во општинската администрација и Градоначалникот на општината кој во оваа прилика ја истакна досегашната успешна соработка со Црвениот крст, а на наградените им честита за хуманоста и позитивниот пример кои тие го даваат во локаланата заедница.

< врати се назад