октомври 21, 2026

ЕВРОПСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ: „Превенцијата започнува со информираност!“

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош активно се вклучува во одбележувањето на 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, преку подигањето на јавната свест.

Трговијата со луѓе претставува сериозно кршење на човековите права и форма на експлоатација која го загрозува достоинството, безбедноста и животот на луѓето. Честопати започнува преку навидум легитимни понуди за работа, образование, патување или подобри животни услови.

Заедно да создадеме побезбедна заедница! Еве како делуваме:

  • Во текот на денешниот ден (19 октомври), наши обучени едукатори-волонтери реализираа превентивни едукации за учениците од средните училишта, а во наредните денови ќе се реализира и едукација за младите волонтери од нашата организација.
  • Паралелно спроведеме и онлајн промоција на клучни информации, превентивни совети и едукативен материјал преку социјалните мрежи.

Со навремена едукација обезбедуваме поголема заштита на сите.

Да бидеме информирани, внимателни и одговорни – со подигање на свеста го штитиме секој човечки живот!

< врати се назад