ноември 21, 2019

Есенски престој во с.Стровија

            Во периодот од 15-17.11.2019 година, проектот ,,Хуманко’’ при Клубот на млади на ЦКРМ-ОО Карпош реализираше тридневен едукативен престој во с. Стровија.

          На овој престој присуствуваа 10 волонтери, 11 учесници од целната група при проектот и 1 родител на учесниците.

         Цел на патувањето беше помош и поддршка во воспитно-образовниот процес и социјализација на ранливите категории на деца и млади.

         Учесниците имаа можност преку многу забавни, друштвени и тимски активности пред се да поминат квалитетно време во меѓусебно дружење и да присуствуваат на 2 едукативни работилници.

< врати се назад