декември 30, 2025

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на ден 18 декември 2025 година од 12 до 15 часот организираше и спроведе еколошка акција за чистење и уредување на дворот на службениот објект.

Акцијата беше со цел чистење на дворната површина со бекатон и уредување на тревната површина преку чистење на лисјата и уредување на површината.

Во акцијата беа вклучени 12 волонтери од Клубот на млади кои остварија вкупно 36 волонтерски часа.

Зелен волонтеризам е младинска национална програма чија главна улога е подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата и воздухот, глобалните климатски промени.

< врати се назад