декември 30, 2025

Еко-навика за рециклирање кај младите

Зелен волонтеризам е младинска национална програма чија главна улога е подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата и воздухот, глобалните климатски промени.

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош од 2023 година реализира проект кој има за цел волонтерите да собираат пластични шишиња од активности на ЦКРСМ – ОО Карпош, а и самите да носат од дома и истите да бидат рециклирани во вендинг машини, а со поените добиени од рециклираните шишиња да се набават производи кои ќе се наменат за социјално-загрозени семејства. Во периодот 01.2023 – 12.2025 година собрани и рециклирани се 9.254 шишиња и лименки.

< врати се назад