декември 31, 2025

Еко едукации за најмладите

Во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“ тројца волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во текот на месец декември 2025 година реализираа 6 еко едукации наменети за најмладата популација. Со едукациите беа опфатени 101 ученик од одделенска настава од две основни училишта.

Едукациите беа проследени со цртање на еко теми и активност за селектирање и рециклирање на отпад. Еко едукациите се реализираат со цел поттикнување на свеста за почиста животна средина и стекнување на еколошки навики и практики уште од најмала возраст.

< врати се назад