
ЕКО-АКЦИЈА со Зевзекманија, Здружение на борци и општина Карпош
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на покана од општина Карпош и Здружението на борци од Првиот скопски партизански одреди во Општина Карпош зеде учество во еко-акција за чистење на Паркот на Првиот скопски партизански одред.
Акцијата се спроведе на 09 јуни 2025 г. и на истата од ЦКРСМ-ОО Карпош имаа учество 18 волонтери од Клубот на млади и деца и млади од целната група на Проектот „Хуманко“. За време на акцијата беше присутна и тв екипата од тв емисијата Зевзекманија, кои медиумски ја покрија и промовираа еколошката акција.
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, со своите волонтери редовно и со големо задоволство се вклучува на повици од други организации и организира самостојно еколошки акциии, со цел да се поттикне еколошкото однесување кај граѓаните и да се даде придонес кон подобра животна средина.
