август 8, 2019

Екипа за прва помош на Саем за иновации SKOPJE MINI MAKER FAIRE

              На реномираниот меѓународен настан- саем на иноватори, креативци, уметници, научници и љубители, насловен како „Skopje Mini Maker Faire“ кој се одржа на 31 мај 2019 година во рамки на ВИП арената на спортската сала „Борис Трајковски“ -Скопје, а се спроведе во организација на Амбасадата на САД во Скопје и „Американските катчиња“ со  поддршка на Општина Карпош, се вклучи и Црвениот крст на Република Македонија-Општинска органзиација Карпош каде на поставен штанд 6 волонтери од Клубот на млади  на посетителите им делеа флаери и брошури со промотивна содржина од активностите на Црвениот крст.

            Исто така, со присуство на тим составен од две медицински лица и 3 демонстратори по прва помош, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош се погрижи и за обезбедувањето на овој јавен настап на кој присуствуваа голем број на иноватори, креативци и научници и истиот го посетија над 2000 посетители.

< врати се назад