
септември 12, 2019
Екипа за прва помош на фестивалот на нова музика ,,Здраво млади”
Во соработка со Културен младински центар Скопје, екипа по прва помош Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 31 август и 1 септември 2019 учествуваше на обезбедување на јавниот настан деветто издание на фестивалот за нова музика насловен ,, Здраво млади”.
Фестивалот се оддржа во просториите на Младинскиот културен центар и на истиот учествуваа околу 400 посетители, а екипата по прва помош од Општинската организација Карпош составена од 3 ца едуцирани волонтери, демонстратори по прва помош имаше задача да укажува прва помош на евентуално повредени лица на настанот.