
март 2, 2026
Едукации и обуки по прва помош
Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во месец февруари 2026 година спроведе 2 едукативни предавања и обуки по прва помош за 35 ученици од Приватното средно училиште „ИПС Македонија“.
На едукациите учениците имаа можност за се запознааат со значењето, важноста и со основните техники на укажување на прва помош која има за цел навремено превенирање и редуцирање на ризиците во секојдневните несреќи.




































