февруари 28, 2025

Едукативно-креативна работилница преку проект „Хуманко“

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 15 февруари 2025 година беше реализирана тричасовна едукативно-креативна работилница наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.

За време на средбата, учесниците имаа можност да читаат, пишуваат, цртаат, бојат, сечат, лепат, моделираат, а со тоа да креираат свои дела. Дополнително учесниците имаа едукативни активности преку користење на дидактички материјали.

Активноста беше реализирана во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и на истата беа присутни 21 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад