
Едукативни работилници за превенција од Трговија со луѓе
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на борба против трговија со луге (02-09 Декември) во делот на врсничките едукации, двајца едуцирани врснички едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош одржаа четири едукативни работилници за превенција од трговија со луѓе наменети за учениците од основните училишта.
Едно предавање се реализира на 4 Декември 2019 година за 24 ученици од 8-мо и 9-то одделение во Основното учииште „Мирче Ацев“, а на 6 Декември 2019 година се одржаа уште три едукации во Основното училиште „Вера Циривири Трена“ на кое беа опфатени уште 51 ученик исто така од 8-мите и 9-тите одделенија.
Преку овие врснички едукации вкупно 75 ученици имаа можност да се запознаат со ризиците и последиците од трговија со луѓе и првентивниот пристап од истата.