
август 6, 2019
Едукативни предавња за превенција на болести на зависност
Со цел подигнување на здравствената култура свест и заштита кај најмладите, во Основното училиште ,,Христијан Тодоровсаки Карпош“ од страна на лекар специјалист, неуропсихијатар од Црвен крст на РМ-Општинска организација Карпош, на 7 Февруари 2019 година се реализира превентивно-едукативно предавање на теми поврзани со ризиците, последиците и превенцијата на болестите на зависност; алкохолизам и пушење, со посебен акцент на опасностите предизвикани од консумација на наркотични средства.
На предавањето беа присустни 46 ученици од 9-тото одделение, кои покрај можноста да добијат корисни информации, имаа и можност да добија одговори на свои прашања, поврзани со темата.