
Едукативни предавање за превеција на болести на зависност
Во рамките на активностите за одбележување на месецот на борба против болестите на зависност, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска органзиација Карпош реализира 5 едукативни предавања за превенција од алкохолизам, наркоманија и никотинизам на кое беа опфатени 102 ученици од основните и средните училишта.
Од страна на три врснички едукатори -волонтери од Клубот на млади од Општинската организација Карпош, по едно едукативно предавање се одржа на 6 Ноември 2019 година во ОУ,, Јан Амос Коменски,, на кој беа опфатени 22 ученици од VI до IX одделение, на 13 Ноември 2019 година во ОУ,,Ѓорче Петров,, за 20 ученици од VIII и IX одделение, и на 14 Ноември 2019 година во Приватното училиште ,,Максимилјан,, на кое беа опфатени 12 ученици од I и II година додека на 28 Ноември 2019 година беа спроведени уште две едукативни предавања за 23 ученици од VI одделение во ОУ,,Мирче Ацев,, и за 25 волонтери од Клубот на млади на ОО Карпош .
Примарната превенција е најважна во спречување на појавата на болестите на зависност па затоа овие едукативни активности имаат за цел подигнување на свеста кај младите за болестите кои предизвикуваат зависности и ризиците и последиците од истите.