
Едукативни предавања за забоздравствена заштита
Во рамките на здравствено-превентивната дејност, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош реализираше вкупно седум едукативни предавања за 297 лица учениците од основните училишта и деца со посебни потреби, целна група на проектот проектот ,,Хуманко“.
Две работилници се одржаа на 13 Мај 2019 година во Основното училиште ,,Фаик Коњица,, во село Радуша и Дворце на кои беа опфатени 70 ученици од прво и воро одделение.
На 15 и 16 Мај 2019 година се одржаа уште две едукации во Основното училиште ,,Димо Хаџи Димов,, -Скопје каде беа опфатени 150 ученици исто така од првите и вторите одделенија.
Уште три едукации за забоздравствена заштита се одржаа и на 18, 19 и 27 Мај 2019 година за 42 деца со посебни потреби-целната група од проектот Хуманко и 35 волонтери од Клубот на млади на Цвен крст на РМ-Општинска органзиција Карпош.
Предавањата, со користење на визуелни презентации, забни модели беа реализирани од страна на лекар стоматолог, а по завршување на истите на сите слушатели им беа поделени четки и пасти за заби обезбедени од Црвениот крст на Република Македонија