
октомври 28, 2025
Едукативни предавања за превенција од шеќерната болест
Во одбележување на Неделата на борба против шеќерната болест под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, лекар од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 21 октомври 2025 година спроведе едно едукативно предавање за 15 ученици од средното училиште „Кочо Рацин“ и едно предавање за 16 волонтери од Клубот на родители на Црвен крст Карпош со цел поттикнување на свеста за превенцијата од шеќерната болест.




































