
февруари 4, 2026
Едукативни предавања за превенција од болести на зависност
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во јануари 2026 година спроведе 2 едукативни предавања на тема „Превенција од болести на зависност“ наменети за ученици од 8 и 9 одделение од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ – Скопје.
Со едукативните предавања беа опфатени 43 млади, кои имаа можност да се информираат за ризиците и штетните последици по здравјето и животот предизивикани од алкохолизам и зависнот од дроги и никотин.




































