декември 30, 2025

Едукативни предавања за превенција од болести на зависност

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец декември 2025 спроведе 8 едукативни предавања на тема превенција од болести на зависност наменети за ученици од 8 и 9 одделение основно образование и за ученици од средно образование.

Преку едукативните предавања беа опфатени 230 млади, кои се запознаа со ризиците од алкохол, цигари, дрога. Учениците научија како овие навики можат да доведат до зависност, како да препознаат лице што се соочува со зависност и на кој начин можат да помогнат.

< врати се назад