ноември 14, 2025

Едукативни предавања за хигиена

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 17 до 31 октомври 2025 година спроведе 14 едукативни предавања на тема „Хигиена“ со кои беа опфатени вкупно 363 ученици од 4-то и 5-то одделение од ООУ„Димитар П.Ѓ. Беровски“, ООУ„Тихомир Милошевски“ и ООУ„Јоаким Крчовски“ од општина Ѓорче Петров.

Целта на едукациите беше да се подигне свеста уште од најмлада возраст кај децата за значењето на хигиенските навики, практики и правилно однесување за зачувување на личното и колективно здравје.

< врати се назад