
Едукативна работилница за деца и млади
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 14 декември 2025 година беше реализирана 3 часовна едукативна работилница на тема „ПОМАГАЊЕ ВО ДОМОТ – ДОМАШНИ ОБВРСКИ“ наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
Оваа активност беше со цел да се поттикнат учесниците за потребата од нивно учество во домашните семејни обврски. Учесниците имаа можност да перат и да пружаат облека, да мијат садови, да поставуваат трпеза за оброк, да селектираат чиста и валкана облека и да ја диплат, да наместат постелнина на кревет и т.н.
Овие активности придонесуваат за поттикнување на фината и грубата моторика, поттикнување на свеста за помагање во обврските во домот, подобрување на социјализацијата и личниот развој. На активноста беа присутни вкупно 24 лица – деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.




































