август 5, 2019

Едукативна работилница за деца и млади со попреченост

               Во јануари 2019 година во рамките на проектот „Хуманко“ при Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош  се реализираше тродневна едукативно – рекреативна работилница во с. Стровија на која учество земаа 7 волонтери и 15 учесници-целна група која се состои од лица со посебни потреби, деца со социјално-загрозени семејства, деца со потешкотии во учењето и деца од еднородителски семејства.

Работилницата во текот на трите дена беше исполнета со богата програма и тимски активности кои на целната група и нудеа да се стекне со нови знаења, да ги усоврши знаењата кои ги има, да се дружи, забавува и стекнува нови искуства. Беа реализирани неколку едукативни предавања, работилница за изработка на креативни бележници за книги и  активност за готвење, дружење, пеење.

Ова едукативна работилницата претставуваше уште едно големо искуство како за волонтерите, така и за целната група од кое  сите учесници со насмевка ќе се сеќаваат.

< врати се назад