
ноември 28, 2022
Едукација и крводарителска акција за средношколци
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС ,,Никола Карев’’ – Скопје.
Акцијата се одржа на 24 ноември 2022 година од 13:00 до 17:30 часот и на истата крв даруваа вкупно 46 ученици и вработени.
На крводарителската акција и претходеа 2 врснички едукации за 67 ученици од III и IV година, со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.




































