
август 6, 2019
Еднодневна екскурзија за деца со посебни потреби од Проект „Хуманко“
На 24 Март 2019 година, осум волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош, за 24 деца од кои 9 со посебни потреби, 8 деца од семејства во социјален ризик и 7 деца со типичен развој, реализираа еднодневна екскурзија со посета на градот Струмица, и познатите знаменитости: Смоларскиот водопад и манастирите Водоча и Вељуса.
На посетета која имаше за цел социјализација, едукација и дружење на децата со посебни потребии се вклучија и 7 родители а истата беше подржана и од Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје и пекара “Силбo”-Скопје кои во целост ги обезбедија транспортот и храната за учесниците на оваа еднодневна екскурзија.