
Еднодневна екскурзија во градот Велес
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 25 јануари 2025 година беше реализирана еднодневна екскурзија за посета на градот Велес наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
За време на екскурзијата, учесниците имаа можност да се возат со воз, да ги надградат културните практики при возење со воз, да се прошетаат низ градот Велес и да се запознаат со најпознатите знаменитости и историски личности меѓу кои: Железничката станица, паркот во градот, театарот, црквата Св.Пантелејмон, старите градски куќи, кејот на р.Вардар. На крајот на прошетката следуваше освежување во кафуле во центарот на градот.
На активноста беа присутни вкупно 34 учесници од целната група и волонтери од Клубот на млади.




