октомври 17, 2019

Еднодневна екскурзија во градот Битола

          На ден 06.10.2019 година проектот ,,Хуманко” реализираше еднодневна екскурзија во градот Битола со цел социјализација на целната група и запознавање со знаменитостите на градот.

         На екскурзијата беа присутни 34 учесници, меѓу кои 13 волонтери, 19 деца и млади од целната група и 2 родители на целната група.

         Учесниците имаа можност да ја посетат Зоолошката градина во Битола, музејот НУ Завод и музеј Битола, како и да се прошетаат по улицата Широк сокак која ги содржи главните знаменитости на градот.

     

 

Голема благодарност до Зоолошка Градина – Битолa и Музеј Битола – Bitola Museum за топлото добредојде и нивната помош и поддршка во реализација на активностите на проектот ,,Хуманко”.

< врати се назад