мај 28, 2025

Еднодневна екскурзија на Три Круши – Драчево

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 18 мај 2025 година беше реализирана петчасовна активност наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.

Оваа активност беше со цел дружење, забава и рекреација на целната група. На оваа активност учесниците имаа можност да пешачат до локалитетот „Три Круши“ и да учествувааат во игри подготвени од волонтерите. На активноста беа присутни вкупно 23 лица од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад