
октомври 23, 2019
Еднодневна екскурзија на Матка
Социјализација, дружење, забавување, квалитетно поминато време во природа, запознавање со природните убавини кои ни ги нуди градот Скопје и Матка, ова се дел од придобивките кои ги добија:
– 28 учесници, од кои 5 волонтери и 4 родители
На еднодневната екскурзија на Матка реализирана преку Клубот на млади на ОО Карпош, проект „Хуманко“.


За време на екскурзијата беа посетени;
🔍 кањонот и езерото Матка
🔬 Изложбениот центар „Матка“
🕍 манастирот Св.Богородица – Матка
Голема благодарност до вработените во Изложбениот центар „Матка“ за срдечниот прием и монахињите во манастариот Св.Богородица за топлиот пречек.

