август 8, 2019

Дружење со старите лица за Велигденските празници

             По повод одбележувањето на Вескиот празник ,,Велигден,, 10 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија заедно со 6 пензионери претставници од Здружение на пензионери ,,Тафталиџе“ – Скопје на 29 Април 2019 година го посетија домот за стари лица ,,Мајка Тереза,, во Злокуќани–Скопје и воедно донираа 100 кгр. прехрамбени производи.

            Велигденските креативно бојадисани јајца изработени од самите волонтери со огормно задоволство и скрени желби за добро здравје и долг живот им беа подарени на 80 стари лица сместени во домот ,,Мајка Тереза“ со што им го разубавија денот на оние кои со својот животен ангажман придонесоа и сеуште на свој начин придонесуваат за развојот на нашето секојдневие.

            Оваа посета истовремено претставуваше и можност дел од слободното време овие лица да го поминат во дружење, организирање и вклучување во друштвени игри како што се домино и шах и разговори и споделување на дел од сопствените животните искуства.

< врати се назад