
Доделување на благодарници на најактивните волонтери во Клубот на млади
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во 2025 година го одбележа „Светскиот ден на волонтерството“ – 5-ти декември под мотото „Присутни секогаш во нашите локални заедници“ со низа активности кои имаа за цел оддавање на благодарност и признание на волонтерите за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници, но и за промовирање на волонтерството и поттикнување на институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации.
Клубот на млади на Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош на 13 декември 2025г. ја реализираше традиционалната активност на Клубот – доделување на благодарници на најактивни волонтери во 2025 година. Оваа година за најактивни волонтери со остварени над 200 волонтерски часови одделно, се избрани:
- СОФИЈА ТОДОРОВА,
- ОГНЕН БОШКОВСКИ,
- ИВА ИЛИЕВСКА,
- МИРО ЈАНКОСКИ,
- АНЃА ДАВЧЕВА
- ВЕЉКО ЖЕЖОВИЌ.
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош упатува длабока благодарност и искрени честитки до младите херои. Во следните денови ќе ги промовираме одделно секој од добитниците.





































