
Доделени признанија за најуспешните во крводарителството
Традиционално и оваа година во одбележување на 17 Март – Ден на формирањето и Ден на крводарителство на Република Македонија, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Карпош организира заеднички настан за доделување на благодарници и признанија на истакнати крводарители, организации и соработници кои со својата хуманост дале огромен допринос во унапредувањето на крводарителството.
На свечениот чин кој се одржа во Општина Карпош од страна на Градоначачникот Стефан Богоев, благодарници и признанија за 50-ти, 75-ти и 100-ти пат беа доделени на деветмина хумани граѓани-крводарители.
Признанија беа доделени и на Факултетот за информатички науки и технологии (ФИНКИ), Клиничката болницата „Аџибадем Систина“ и на Македонска православна Црква – Скопска епархија, а од страна на Општинската организација на Црвен крст Карпош, признание за особениот допринос на локалната самоуправа Карпош беше доделено на градоначалникот Стефан Богоев кој во оваа прилика ја истакна досегашната успешна соработка со Црвениот крст, а на наградените им честита за хуманоста и позитивниот пример кои тие го даваат во локалната заедница.