февруари 10, 2020

Доделeни Признанија на најактивни млади волонтери за 2019 година

 

Со цел да се промовира волонтерството, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да се инспирира кон понатамошно унапредување и развој на волонтерството, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 8 Февруари 2020 година додели Признанија на 5-те најактивни млади волонтери од Клубот на Млади на Општинската организација Карпош.

Доделувањето на Признанијата за “Најактивни млади волонтери за 2019 година”,  претставува јавно признание за  постигнатите резултати на младите во 2019 година, за нивната посветеност и несебичен волонтерскиот ангажман и посебниот придонес кои тие го даваат за развивање и промовирање на солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

< врати се назад