декември 4, 2025

Дисеминациски работилници за млади

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во текот на месец октомври 2025 година спроведе десет дисеминациски работилнициво воспитно-образовните институции со кои беа таргетирани вкупно 297 млади лица од кои 59 деца од предучилишна и 238  деца од училишна возраст.

Едукациите беа спроведени од  два обучени десиминатори поддржани од 5 волонтери од Клубот на млади и преку истите, младите имаа можност да се запознаат со историјата, амблемите, принципите и задачите на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

< врати се назад