
февруари 4, 2026
Дисеминациски работилници во воспитно-обрзовните институции
Во рамки на активностите на полето на дисеминацијата, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 26 јануари 2026 година спроведе 3 дисеминациска работилница за 51 ученик од четврто и петто одделение во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Горче Петров.
Преку овие едукации учениците имаа можност да се запознаат со историјата, амблемите, принципите и задачите на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.




































