
Дисеминаторски сесии за учениците од основните училишта
Согласно годишниот план за организирање и реализација на дисеминаторски сесии, едуциран волонтер- десиминатор од Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош спроведе 4 дисеминаторски сисии во воспитно образовните институции на територијата на општина Карпош.
На 4 Февруари 2019 година беа одржани вкупно 2 дисеминаторски сесии во Основното училиште ,,Владо Тасевски,, за 62 ученици од 1-во и 2-ро одделение а на 7 Февруари уште две сесии во Основното училиште ,, Димо Хаџи Димов,, за 57 ученици од -5-тите одделенија.
На овие сесии вкупно 119 ученици од основните училишта имаа можност да се запознаат со историјатот на Црвениот крст, амблемот и основните принципи врз кое се темелат хуманите активности и секако можност за нивно вклучување, зачленување и волонтирање во организацијата на Црвениот крст.