август 8, 2019

Дисеминаторска сесија за вработените во Приватно средно училиште ,,Јахја Кемал“- Скопје

          Согласно годишниот план за организирање и реализација на дисеминаторски сесии,  едуциран волонтер- десиминатор  од Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош на 12 Јуни 2019 спроведе дисеминаторска сесија  во приватното средно училиште ,,Јахја Кемал“ во Скопје.

        На оваа сесија вкупно 40  професори имаа можност да се запознаат со историјатот на Црвениот крст, амблемот и основните принципи  врз кое се темелат хуманите активности и секако можност за нивно вклучување, зачленување и волонтирање во организацијата на Црвениот крст.

 

< врати се назад