
октомври 23, 2019
Дисеминациски сесии за учениците во основните училишта
Согласно годишниот план за организирање и реализација на дисеминациски сесии, едуциран волонтер – дисеминатор од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош на 15 и 16 Октомври 2019 година одржа по една дисеминациска работилница во основните училишта ,,Јан Амос Коменски“ и ,,Ѓорче Петров“, а на 17 Октомври и во приватното училиште ,,Максимилијан“ во Карпош.
На трите сесии вкупно 73 ученици од 8-мите и 9-тите одделенија имаа можност да се запознаат со историјатот на Црвениот крст, амблемот и основните принципи врз кое се темелат хуманите активности и секако можностите за нивно вклучување, зачленување и волонтирање во организацијата на Црениот крст.