август 5, 2019

Дисеминациски сесии за циклусот на ЦКА-ПХВ програмата за 2019 година во ЦКРМ-ОО Карпош

На 30 јануари 2019 година во библиотеката на Средното училиште ,,Никола Карев“ и на 31 јануари 2019 година во Сарај, се одржаа првите две работилници за дисеминација за учесниците во ЦКА-ПХВ програмата за 2019 година.

            Првата работилница на македонски јазик ја спроведе Анастасија Јакчулева- обучен десиминатор по ЦКА-ПХВ методологија на македонски јазик и на истата учествуваа  вкупно 42 ученици од   5 основни училишта: ОУ Јан Амос Коменски, ОУ Вера Циривири Трена, ОУ Мирче Ацев,  ОУ Димо Хаџи Димов и ОУ Христијан Тодоровски Карпош и 2 средни училишта: СУГС Георги Димитров и СУГС Никола Карев, додека  работилницата на албански јазик ја реализираше  Менсур Јакупов исто така обучен дисеминатор. На оваа работилница учествуваа вкупно 29 учесници-ученици од две основни училишта: ОУ Емин Дураку од село Буковиќ  и ОУ Бајрам Шабани од село Кондово.

            За вкупно 71 учесници вклучени во оваа програма ке бидат спроведени и обука  за изработка, имплементација и документирање на микро проекти за добробит на заедницата.

< врати се назад