февруари 22, 2020

Дисеминациска сесија за ученици во во Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош

     Согласно годишниот план за организирање и реализација на дисеминаторски сесии, на 18 Февруари 2020 година, од страна на едуциран десиминатор  на Црвениот крст на Република  Северна Македонија-Општинска организација Карпош се реализира дисеминациска сесија за учениците од основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош”.  

       Вкупно 25 ученици од VII-мо до IX-то одделение имаа можност да се запознаат со историјатот на Црвениот крст, амблемот и основните принципи  врз кое се темелат хуманите активности и секако можност за нивно вклучување, зачленување и волонтирање во организацијата на Црениот крст.

< врати се назад