декември 31, 2025

„ДЕН, посветен на крводарителството“ – 32 крводарувања и 70 благодарници за крводарители

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 24 декември 2025 година организираше новогодишна крводарителска акција во службениот објект од 13 до 18 часот.

Акцијата беше посетена од 50 лица од кои 32 даруваа крв. Во текот на акцијата беше спроведено доделување на 70 благодарници и значки за повеќекратни дарители со 5, 10 и 25 крводарувања.

Во активноста беа вклучени 10 волонтери кои оствариле 56 волонтерски часа.

< врати се назад