ноември 30, 2022

Делење на благодарници за ЦКА-ПХВ циклусот 2022

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 26 ноември 2022 година на својот редовен состанок спроведе делење на благодарниците на дел од учесниците кои беа дел од овогодинешниот циклус од програмата на „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ 2022.

На задоволство на волонтерите од Клубот на млади на состанокот и делењето благодарници присуствуваше Александра Ристовски, националниот координатор за ЦКА-ПХВ програмата која прими благодарница за нејзиниот придонес во поддршката и промоцијата на проектот Хуманко на Клубот на млади.

< врати се назад