
февруари 11, 2020
Децата со посебни потреби во посета на Зоолошка градина во Скопје
Активностите од социјално-хуманитарните активности поврзани со помош и подршка во едукативниот процес и социјализација на децата со посебни потреби и оваа година започна со посета на Зоолошката градина и Природонаучниот Музеј во Скопје.
Во заедничката посета која се одржа на 8 Февруари 2020 година и која има значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот кај децата се вклучија вкупно 33 учесници од кои, 13 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија и 19 деца од целната група кои заеднички имаа можност да се дружат и да се запознаат со голем број видови на флора и фауна од различни периоди низ историјата.