октомври 8, 2019

Деца со посебни потреби во посета на Зоолошка градина во Скопје

                Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, во Црвен  крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош, по 12 пат започна  со реализација  проектот ,,Хуманко,, наменет за помош и подршка во образовниот процес и социјална интеграција на 40 деца и младинци  со посебни потреби.

            Активностите започна со вообичаената средба на учесниците пред отпочнување на учебната 2019/020 година по што следеше и првата заедничка посета на Зоолошката градина и Природонаучниот Музеј во Скопје.

          Во посетата која има значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот кај децата, вкупно 30 учесници од кои 13 волонтери од Клубот на млади и 17 деца од целната група на проектот имаа можност да се дружат и да се запознаат со видови на флора и фауна кои постоеле во различни периоди низ историјата.

< врати се назад