
јануари 31, 2025
Благодарници за членовите и волонтерите на Клубот на млади за учебната 2023/2024
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош своите редовни активности ги реализира паралелно со текот на учебната година. Во истиот временски период се реализираат и постојани редовни состаноци на Клубот на млади.
Традиционално, секоја година Клубот на млади оддава признание и благодарност на волонтерите за нивниот ангажман во текот на годината. За таа цел на првиот редовен состанок на Клубот на млади одржан на 05 октомври 2024 година во просториите на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беа поделени благодарници на 45 членови и волонтери од Клубот на млади за нивниот даден придонес во реализацијјата на активностите на Клубот во изминатата 2023/2024 година.