јули 21, 2022

Анкета за познавање за Амблемот на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина

📌Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец јули 2022 година спроведе Анкетен прашалник за проверка на знаењата кај граѓаните за Амблемот на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина.
 
📌Анкетата беше спроведена од страна на четири мобилни тимови од по 2 волонтери од Клубот на млади во периодот од 07 до 13 јули 2022 година на фреквентни локации на територија на ЦКРСМ-ОО Карпош. Со анкетата беа опфатени 100 граѓани – случајни минувачи од различни возрасти.
 
📌Дел од резултатите од анкетата се:
 
– 42% од испитаниците имаат познавање за сите амблеми кои
се во употреба
– 88% од испитаниците имаат познавање кој е првиот амблем
на Движењето
– 84% од испитаниците имаат познавање за причината на усвојување на црвениот крст како амблем на Движењето
– 71% од испитаниците имаат познавање дека амблемот на Националните друштва не се избира од религиозни причини
– 90% од испитаниците имаат познавање кој е амблемот на Националното друштво на Црвен крст во Република Северна Македонија
< врати се назад